Доколку имате проблеми со афти, решението е во вашата кујна.
Малите, белузлави (и кога се воспалени и црвени) плитки меурчиња во устата се нарекуваат афти. Тие можат да се најдат на внатрешната страна на устата, јазикот, па дури и на непцето.
Таканаречената „среќа во несреќа“ е што тие не се заразни, т.е. тие не можат да се пренесат на друго лице, но се многу болни. Понекогаш дури и спречуваат нормално џвакање храна или говор, но најчесто исчезнуваат во рок од 10 дена.
Причини за афти:
- хормонски нарушувања
- интензивен стрес
- бактериски, габични или вирусни инфекции
- дијабетес
- несоодветна орална хигиена
- консумирање премногу зачинета храна…
Како да се справите со афтите?
- зајакнување на имунитетот (на пр. консумирање витамин Ц)
- плакнење со жалфија, камилица, сода бикарбона …
- промена на четката за заби