Како да ја исчистите климата ЗА БЕСПЛАТНО со помош на средства кои веќе ги имате дома!

27 јуни, 20220
182910_profimedia0345085798_ff

Клима уредите станаа дел од секој дом во последните неколку години. Ни помагаат да се разладиме, подобро да спиеме и полесно да ги преживееме потоплите лета.

Сепак, многу луѓе не знаат или не се свесни за опасностите што можат да ги демнат од валканите клима уреди.

Филтрите во нив може да станат вистинска почва за паразити, бактерии, вируси, грини и други опасни нечистотии. Тие лесно можат да стигнат до нашите бели дробови преку воздухот и со тоа да го загрозат нашето здравје.

Како да го исчистите клима уредот без да се јавите во службата за климатизација да го направи тоа наместо вас?

Пред чистење, задолжително исклучете го клима уредот и исклучете го од струја. Потоа отстранете го капакот и ќе ги видите филтрите што треба да се чистат. Инаку, се препорачува да ги чистите на секои три месеци доколку климата ја користите цела година, а доколку имате домашни миленици уште почесто.

klima uređaj, klima, vrućina, leto

Кога ќе дојдете до филтерот, отстранете ги сите поголеми предмети од него и потоа измијте го. Ова можете да го направите само со вода, а тоа нема да ве чини ништо. Меѓутоа, доколку сакате да бидете уште посигурни дека се отстранети сите лоши микроорганизми, додадете малку средство за дезинфекција.

Кога добро ќе го измиете, оставете го филтерот да се исуши. Уверете се дека е целосно сув пред да го вратите во клима, а пред тоа секако измијте ја мрежата.

Тоа можете да го направите со мешавина од вода и обичен детергент.

Кога ќе го направите тоа, вратете сè на своето место и – тоа е тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *