Како да ја спречите болката во нозете кога носите штикли? Трик кој ќе ви помогне да одите како по облаци

29 јуни, 20220
9e69d1c0c6d1dfa083cf5d267f2b65762387e3e9

Заборавете на болката во нозете

Многу жени избегнуваат да ги носат овие чевли поради нивната неудобност. Штиклите се најубавите женски чевли, а еве еден трик кој ќе ви помогне да се чувствувате убаво и природно во нив. Повеќе не мора да ја избирате полошата опција кога купувате чевли само затоа што се плашите дека ќе ве болат стапалата и дека нема да ви бидат удобни.

Познатата стилистка и уредничка на модни публикации Максин Егенбергер објасни неколку трикови кои помагаат да се намали или целосно да се елиминира болката кога сте на високи потпетици.

Таа вели при одење прво да ја спуштите петата, а потоа прстите на нозете. Така одењето по потпетици ќе изгледа поелегантно и природно. Исто така, препорачливо е да правите мали чекори и полека да одите. Вашето одење треба да биде лесно и опуштено. Најдобро е телото да го фрлите малку наназад, но во исто време треба да ги држите очите напред, а не во подот.

“Додека одат во потпетици, многу жени го истегнуваат вратот напред за некако да го надокнадат бавното одење. “Испакната” глава само ќе направи да изгледате погрдо и несмасно. Држете ја право на рамениците и гледајте напред, а не во подот“, вели Егенбергер.

Носете високи потпетици, послушајте ги советите и ќе бидете полни со самодоверба, а на улица ќе се вртат по вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi