КАКО НАЈЛЕСНО ДА ГО НАМАЛИТЕ АПЕТИТОТ? ДВЕ СОСТОЈКИ ВО ХРАНАТА ЈА ЗГОЛЕМУВААТ ЗАСИТОСТА: Еве што дефинитивно треба да правите пред јадење

23 септември, 20220
rucak

Ако се прашувате како природно да го намалите апетитот, еве неколку решенија!

Покрај бројните исцрпувачки диети, напорни вежби и хемиски производи и препарати, губењето килограми природно е многу поефикасно и поздраво. Ако се прашувате како да го намалите апетитот без никакви хемикалии во желбата да изгубите тежина, еве неколку корисни начини:

  1. Многу протеини

Експертите, односно нутриционистите, пред се советуваат да јадете повеќе храна богата со протеини или здрави масти, бидејќи тие го намалуваат чувството на глад. Тоа се на пример:

– немасно месо

– јајца

– грав и грашок

– производи од соја

– грчки јогурт

  1. Задолжителни влакна

Уште една корисна намирница која многу брзо го заситува телото е храната богата со растителни влакна. Исто така, влакната освен што го намалуваат апетитот, директно влијаат на подобро варење, а одлични се и за оние кои патат од дигестивни нарушувања или имаат проблеми со тврда столица и „запек“. Ова се намирници како:

– наут

– леќа

– цели зрна

– бобинки

– лен и чиа семе

– кикиритки

– разновиден зеленчук

  1. Пијте многу вода

Кај нас е познато правило дека ако пиете вода пред оброк, ќе јадете помалку – што не е далеку од вистината! Пиењето многу вода пред јадење може да го потисне гладот, а со тоа и да ги изгуби вишокот килограми, бидејќи пред се стомакот се полни со вода, па не останува премногу простор за храна. Исто така, чинија супа пред главното јадење може да помогне да се намали апетитот. Сепак, никогаш не треба да пиете вода додека јадете!

  1. Вежбајте пред јадење

Најздрав начин да го намалите апетитот е да вежбате пред оброк. Едно истражување покажа дека тренирањето непосредно пред јадење ја намалува желбата за храна, бидејќи тогаш телото произведува помалку грелин, хормон кој создава чувство на глад.

  1. Јадете полека

И за крај, уште еден трик за намалување на апетитот е да јадете побавно. На овој начин ќе внесете доволна количина на храна која ви е потребна. Напротив, луѓето кои брзо јадат внесуваат поголеми залаци во помали интервали, а со тоа и повеќе калории, додека мозокот не може да регистрира колку и дали стомакот е полн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi