Како полесно да го преболите раскинувањето: 3 работи што треба да ги правите кога ќе ве повреди и напушти

22 јануари, 20220
Screenshot_6

Ништо не може да ве фрли во очај колку ненадејното раскинување со партнерот. Тогаш започнува фазата на затворање во својот дом и гледање тажни љубовни филмови и јадење многу многу чоколадо пропратено со игнорирање на телефонските повици од пријателите кои ве повикуваат да излезете и да се забавувате и комплетно да заборавите на трагедијата.

 

Ви споделуваме како полесно да го пребродите раскинувањето со партнерот и да ја вратите вашата самодоверба и повторно да зачекорите среќни во потрага по нови можности и искуства.

 

Повторно изградете ја вашата самодоверба

Ако вашиот партнер беше оној кој ја иницираше разделбата, тогаш посветете се на аспектите од вашиот живот кои го довеле да донесе таква улога. Можеби тоа било како последица од вашето однесуваше и изгледот. Поработете на тоа повторно да се чувствувате комотно во своја кожа, и да бидете она што. Поразговарајте со близок пријател или некој од вашето семејство и кажете да му да биде искрен и да ги сподели оние нешта од вашиот карактер кои можеби довеле партнерот да се оддалечи од вас.

 

Одете на нови места

Многу е важно после раскинувањето со партнерот да ги избегнувате местата каде што знаете дека ќе можете да го сретнете. Не ви е потребна дополнителна драма да го видите со нова девојка или како ужива насмеан со пријателите. Одете на места каде што никогаш не сте биле досега, било да е кафуле, библиотека, парк. Така ќе имате можност да запознаете нови луѓе.

 

Пронајдете среќа во вашиот живот

Наместо слободното време да го трошите во „демнење“ социјалните мрежи на вашиот поранешен партнер, најдобро е едноставно да го избришете од листата на пријатели и да се посветите на сопствениот живот наместо на тоа како тој го поминува неговиот сега откако не е повеќе со вас. Фокусирајте се на нештата кои ве прават среќни, сега кога сте сами имате повеќе од доволно време да се посветите само на себе и на она што ве исполнува. Ако претходно сте избегнувале да посетувате часови за јога за да поминувате повеќе време со партнерот, сега можете комплетно да се посветите на својата страст. Кога го правите она што ве исполнува, целосно ќе заборавите на трагедијата и многу полесно ќе продолжите понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *