КАКО ПРИЛОГ ИЛИ ЛЕСНА ВЕЧЕРА! Направете печурки на скара – додадете ги ОВИЕ зачини и ќе уживате во секој залак!
13 јуни, 20220
Кога не знаете што да направите за вечера, печурките на скара се секогаш добар избор
И додека многумина главно ставаат печурки на тава или на скара, можеби додавајќи сол, ви предлагаме да го пробате овој начин на подготовка:
СОСТОЈКИ:
- 10 поголеми шампињони
- две лажици маслиново масло
- лажица соја сос
- сок и кора од лимон
- две чешниња лук
- малку рузмарин
- сол, бибер
ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад истурете масло, соја сос, сол и рендана кора од лимон, издробен лук, сол, бибер и малку свеж сечкан рузмарин, а потоа додадете ги печурките исечени на половина и убаво измешајте. Оставете да се маринира половина час во фрижидер, а потоа печете на скара десет минути, повремено вртејќи. Послужете додека е топло.