Како се „преполови“ Џејми Оливер: Престанал да консумира две намирници, а една вовел во исхраната

16 јануари, 20220
54380680261e079333602a319313824_640

Популарниот готвач ослабе речиси 15 килограми.

Прославениот ТВ-готвач Џејми Оливер ги изненади сите со својата трансформација! Ослабе речиси 15 килограми и отворено проговори за сите промени во неговиот животен стил со кои дошло до тоа.

Џејми, авторот на многу омилени рецепти, исфрлил две работи од исхраната и вовел намирница која се смета за многу корисна – го штити срцето и овозможува внесување на здрави материи во релативно мала порција!

„Значително го намалив внесот на месо и почнав да јадам повеќе зеленчук. Се погрижив да спијам редовно и квалитетно и да се движам повеќе“, изјави Џејми за британските медиуми.

Физичката активност му била најтешка бидејќи, како што вели, мрази да оди во теретана, особено ако има тренер.

“Постојано имав лични тренери и го мразев тоа. Ми беше ужасно досадно. Успеав да започнам дури кога сфатив дека се ми почнува од главата. Физичката активност ја направив составен дел од секојдневието. И само тогаш почна да ми одговара и да дава резултати“, изјави Џејми.

Познатиот ТВ-готвач, автор на „безброј“ книги за подготовка на храна и здрава исхрана, издвои една храна без која сега не може.

“Јадам јаткасти плодови, тие можат да го преполоват ризикот од срцеви заболувања како што е срцев удар. Со нив добивате здрави масти и протеини. Одлични се за деца, давајте им ги”, вели Џејми, кој со сопругата Џулс има пет деца.

Престанал да пие и алкохол и се пошегува на сметка на своите сонародници.

“Просечниот Британец пие секој ден. Сега, не би сакал да ви кажам како да го живеете својот живот, но го ограничив внесот на алкохол на неколку пијалоци, само за време на викендите, никогаш во работните денови”, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi