Камената куќа која станала туристичка атракција на голема жалост на нејзините сопственици

popara25 декември, 20221min00
62174374

Castel Meur е името на необична камена куќа во крајбрежниот град Plougrescant во Бретања. Поради својата положба меѓу две карпи, го носи прекарот La Maison du Gouffre (куќата помеѓу две карпи).

Изградена е во 1861 година, а намерно била поставен така што карпите ќе ја заштитат од бури кои се многу чести во северозападниот дел на Франција. Со цел дополнително да ја заштити од налетите на ветрот, првобитниот сопственик ја свртел куќата со „грб“ кон отворено море.

Тогаш не биле потребни градежни дозволи, така што целиот процес течел без премногу проблеми.

Со децении, Кастел Меур им служеше на своите сопственици како викендица која тие ја посетуваа само повремено во текот на годината. Нејзиниот необичен изглед се најде и на бројни разгледници, а со текот на времето стана позната туристичка атракција во тој дел на Франција.

Кога внуката на првичниот сопственик трајно се преселила од САД во Кастел Меур во 2004 година, статусот на ѕвезда на куќата стана проблем.

Туристите кои сакале да ја видат во живо не сфаќале дека тоа е приватна сопственост и дека гостите не се добредојдени. Една група дури се качила на покривот за да се фотографира и случајно ја оштетила куќата. Тоа била последната капка.

Сопствениците изградија ѕид околу имотот, но решија да бараат сатисфакција на суд – и победија. Куќата повеќе не смее да се користи за промотивни туристички цели и забранета е нејзина посета без претходно одобрение од сопственикот.

Уживајте во нејзината необична убавина преку фотографии.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma