КАМЕРОН ДИЈАЗ ЈА ИМА ТАЈНАТА НА СРЕЌНИОТ И ИСПОЛНЕТ ЖИВОТ: „Не се гледајте во огледало и не си правете селфи“

10 март, 20220
Cameron-Diaz

Камерон Дијаз ја започна својата кариера како модел за каталози, се прослави со улогата во филмот „Маска“ и со децении воодушевува во романтичните и акционите филмови. Во последните години таа се повлече од големото платно и се посвети на семејниот живот и производството на вино.

Посетувајќи го подкастот „Michelle Visage’s Rulebreakers“, таа ги сподели своите размислувања за славата и стареењето, а нејзините ставови се навистина освежувачки:

За славата

„Она што луѓето не го разбираат за славата е дека таа е инфантилна. Тие ве третираат како да сте ужасно скапоцени и дека ништо не можете да направите за себе и тоа ви го одзема чувството на автономија и способност да се грижите за себе. Тоа е замка во која паѓаат многумина. Многу луѓе во Холивуд се скршени и бараат потврда од другите, објективизацијата им одговара“.

За изгледот

„Јас сум жртва на сите општествени објективизации на кои жените се подложени. Сето тоа го поминав во свое време. Тешко е да не се гледате себеси и да не судите според некои стандарди за убавина. Но, во последните 8 години (откако престанала да работи на филмови) воопшто не се грижам за тоа. Последното нешто за кое размислувам е како изгледам“.

Cameron Diaz o starenju

За самољубието

„Престанете да се гледате во огледало и престанете да правите селфиња. Како актерка поминував 7 часа на ден пред огледало. Утрински подготовки, проверки преку ден… Токсично е. Бев злобна кон себе, а зошто? Моето тело е силно, моето тело е способно, зошто би била злобна кон моето тело кога ме доведе овде и ми ги овозможи сите овие искуства.“

За стареењето

„Не правам ништо за изгледот. Имам еден куп скапи производи и среќна сум ако ги користам двапати месечно. Она што сакам е да останам силна. 50 се разликува од 40. Имам мало дете и мајките на другите деца на нејзина возраст се 20 години помлади од мене. Сакам да се чувствувам од витално значење за моето дете. Сакам да трчам по неа и сакам да не се чувствува како да има „стара“ мајка. Сакам да бидам нејзината мајка, а не нејзината 55-годишна мајка“.

Совети до помладите генерации

„Кога си млад, животот е болен. Во дваесеттите барате валидација однадвор, а како што созревате, сфаќате дека е важно да се прифатите себеси. Тоа е долг пат. Но, колку побрзо почнете да се цените себеси одвнатре и не се замарате со туѓите мислења, толку побрзо ќе стигнете до таму“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi