КАМИЛА ГО НАПУШТИ КРАЛОТ ЧАРЛС Го остави во најстресниот момент!

26 октомври, 20220
Screenshot_2

Кралицата сопруга од Обединетото Кралство во последните години е редовен посетител на холистички здравствен центар во Индија, предводен од д-р Исак Матаи.

 

 

 

Додека нејзиниот сопруг, кралот Чарлс Трети, се подготвува за именување на новиот британски премиер по оставката на Лиз Трас, која беше назначена на 6 септември од неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, Камила се упатила кон Индија со неколку пријатели.

 

Сопругата на кралот Чарлс во моментот престојува во здравствениот центар „Soukya Holistic“ во близина на градот Бенгалуру и ова не е нејзина прва посета на оваа здравствена установа.

 

Медитацијата, хомеопатијата, јогата, терапијата и древниот традиционален систем на медицина познат како Ајурведа се достапни во споменатиот центар што го води д-р Исак Матаи. Резиденцијалниот медицински институт се претставува како прва интегративна здравствена дестинација во светот фокусирана на „лекување, превенција или подмладување“, како што е наведено на веб-страницата.

 

Пред три години, Камила со Чарлс го посетила центарот „Соукју“ за да го прослави својот 71 роденден.

 

Според пишувањата на локалните медиуми, Камила ќе помине десет дена во оваа здравствена установа, додека Чарлс од викендот се наоѓа на кралскиот имот во Сандрингам.

 

Британскиот крал се очекува да пристигне во Лондон на почетокот на оваа недела за да го назначи новиот британски премиер Риши Сунак по оставката на Лиз Трас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi