Капините се бобинки кои го штитат нашето здравје: 4 причини зошто треба да ги јадете

4 јули, 20220
blackberries-10457281920-830x0

Покрај убавиот и пријатен вкус, капините имаат и многу лековити својства

Кога би постоела топ-листа на најздрави намирници, капините сигурно би биле во првите десет. Ова овошје е богато со моќни антиоксиданси, особено елагитанин, кој го нема во речиси ниту една друга храна.

Капините се сметаат за суперхрана, пред се поради многу лековитите антиоксиданси, како што се антоцијаните, витаминот Ц, витаминот Е, елагичната киселина и слично.

Капините имаат бројни здравствени придобивки, а ние одбравме четири за вас.

  1. За посилен имунитет

Поради сите состојки кои ги содржат, капините се идеални за подобра работа, односно за зајакнување на имунолошкиот систем. Редовното консумирање придонесува многу за заштита на вашето тело од разни инфекции и други болести, пишува „Healthline“.

  1. Богати се со витамин Ц

Витаминот Ц помага во производството на колаген, кој ја одржува вашата кожа, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите здрави. Витаминот Ц е исто така антиоксиданс кој може да блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали, кои се произведуваат додека вашето тело ја разградува храната.

  1. За подобро варење

Ако сакате да имате добро варење, консумирајте капини бидејќи тие се добар извор на влакна. Влакната од капините се многу важни за нормално функционирање на дигестивниот систем, бидејќи го регулираат запекот и го одржуваат дигестивниот систем во идеална состојба.

  1. За здрави коски

Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските. Магнезиумот ја олеснува апсорпцијата на калциумот во организмот, додека калциумот е важен за зајакнување на коските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi