КАРМИН кој ќе го обожаваме оваа пролет: Храбар и елегантен (ФОТО)

16 март, 20220
Screenshot_5

Кармин за пролет 2022 вели – храброст.

 

Дали некогаш ви е здосадена вашата рутина за шминкање? Доколку вашите класични црвени, нежно розови и неутрални кармини ви станаа здодевни и сакате да се чувствувате посмело и похрабро, ви предлагаме да пробате една малку заборавена нијанса – виолетова.

 

Нијанси на длабоки усни беа еден од најдобрите мејкап трендови во 2021 година, а според она што го гледаме на модните писти оваа сезона, трендот продолжува во уште посмело издание. Виолетовата нијанса ќе ви ја даде таа ретро нота што можете да ја носите на многу различни начини. Без сомнение ќе ви ја даде потребната, но не пренагласена доза на впечаток и ќе ги стави вашите усни во центарот на вниманието.

Како да „носите“ виолетов кармин?

 

Виолетовиот кармин може да го носат сите типови кожа, само треба да го пронајдете вистинскиот тон за вашата кожа. Во овој случај следете ја фразата „помалку е повеќе“ и нема да погрешите. Значи, ако вашите усни се виолетови, не ги усогласувајте на бојата на сенката за очи. Акцентот оставете го само на усните, а за останатото изберете неутрални тонови.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi