Катедрала, око и демонска порта: Еден од најубавите кањони во Европа што предизвикува восхит и страв

popara18 јуни, 20221min00
62325745

Љубителите на природата, планинарењето и пешачењето, возењето со кајак и глисер, го пронајдоа својот втор дом токму тука, меѓу високите карпи кои се протегаат на должина од дури 26 километри.

Не е претерување да се каже дека албанскиот кањон Осуми е меѓу најубавите во Европа – и не би биле ниту први ниту последни што го тврдат тоа. Сместен на југот на Албанија, недалеку од градот Чороводе, Осуми е кањон низ кој тече истоимената река, создавајќи спектакуларна глетка, но и одлична можност за активно забавување во природа.

Љубителите на природата, планинарењето и пешачењето, возењето на кајак и глисер, го пронајдоа својот втор дом токму тука, меѓу високите карпи кои се протегаат на должина од дури 26 километри. Кањонот е широк само 1,5 метри на некои места, до дури 35 метри на други.

62325741
62325742
62325743
62325744
62325745 (1)
62325746

Иако предизвикува стравопочит – а за некои можеби само страв – да потсетиме дека брзаците на реката не бараат претходно искуство, па секој што сака адреналин е добредојден. Се разбира, во време на соодветно ниво на водата што треба претходно да се провери бидејќи може драстично да варира во текот на годината.

Тесните премини и камените формации придонеле за раѓање на бројни легенди, но и интересни имиња како Катедралата, Окото и Демонската порта. Самите карпи се како слоевит колач, а она што ги прави уште поатрактивни е нивната зелена медитеранска покривка.

Најдобро време за посета е пролетта кога нивото на водата е високо поради топењето на снегот, а кањонот го красат многу богати водопади. Ако патот ве однесе на југот на Албанија, задолжително застанете кај блискиот град Берат, познат како „градот на 1000 прозорци“ и еден од најтоплите градови во Албанија. Некои ќе речат дека е најубав, но нема да претеруваме со суперлативи, туку ќе оставиме на окото да процени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma