Кајли Миног имала само 36 години кога и рекле дека има рак: Вака сега гледа на животот

popara25 септември, 20221min00
kajli-minog-830x0

Поп-ѕвездата од Австралија, позната по прекарот „Џебна Венера“, Кајли Миног водела голема битка кога во почетната фаза го открила ракот на дојката.

Пејачката Кајли Миног на само 36 години добила ужасна дијагноза – дека има рак на дојка.

Вообичаениот медицински скрининг не открил ништо сомнително, се додека туморот не го открил тим од професионалци, пренесува „Експрес“.

-Доколку се сомневате, одете на уште еден преглед – изјавила пејачката минатата година, а тоа и го направила.

Го следела својот инстинкт и отишла на второ мислење. Среќа, бидејќи затоа Миног на 54 години се уште настапува и пее низ целиот свет.

Благодарение на осуммесечната хемотерапија и радиотерапија во 2006 година, ракот на дојката доживеал ремисија.

Почетната дијагноза на рак на дојка изгледала како да го губи тлото под нозете, но брзиот третман и го спасил животот.

– Имав дијагноза, но светот не знаеше за тоа. Во тоа време бев со брат ми и дечко ми. Сите бевме во страв и отидовме во кафуле. Келнерот ни пријде и не праша како сме, а ние роботски одговоривме ‘добро, благодарам’ – изјави пејачката.

-Токму во тој момент помислив колку навистина не знаеме низ што поминува некој друг – искрена беше Кајли.

– По ракот или некоја сериозна болест или проблем што ви го менува животот, мора да научите да се прилагодувате – рече таа.

– Животот е полн со предизвици, а вашата цел е да имате што повеќе убави моменти. Во оваа фаза од животот навистина чувствувам дека животот е составен од моменти и треба да се погрижиме тие моменти да бидат добри – заклучи таа.