Ким Кардашијан има нов бизнис: Лансираше бетонска опрема за бања, а цената е „огин и пламен“

popara2 октомври, 20221min00
kim-kardashian-2-830x0

Ким Кардашијан, по линијата на долна облека, облека и градници, а потоа и линија на шминка, производи за нега на тело и парфеми, сега лансираше линија на додатоци за во бања.

 

Производите за нега на кожа и новите додатоци за во бања се продаваат под брендот Skkn by Kim. Сите додатоци изгледаат многу минималистички и се целосно изработени од бетон.

 

Засега асортиманот содржи пет различни производи кои на купувачите ќе им бидат достапни на 16 октомври.

 

 

Погледнете ТУКА

 

 

Списокот на нови производи вклучува: бетонска корпа за отпадоци од 129 долари, бетонска кутија за марамици од 89 долари, два бетонски садови од 69 долари и 65 долари и бетонски послужавник од 65 долари.

 

Цената на комплет од пет производи чини, со попуст 355 долари. Инаку, вистинската цена на комплетот е 417 долари.