КИФЛИЧКИ со БОРОВИНКИ, грозје и ЧОКОЛАДО! Ќе ви се стопат во уста!

16 август, 20220
596285_kiflice_f

Доколку сте љубители на лиснато тесто, но и на овошје и чоколадо, тогаш сте на вистинското место. Оваа комбинација е толку фантастична, што мора да ја пробате… Уживајте!

Состојки:

чаша и пол шеќер

две чаши боровинки

чаша црно грозје без семки

140 гр чоколадо

сок и кора од лимон

ванилин шеќер

два блока лиснато тесто

шеќер во прав

Подготовка:

Во тенџере измешајте ги шеќерот, боровинките и грозјето и варете на умерен оган, мешајќи десет минути. Процедете со цедалка, и вратете на оган, додадете ја искршената чоколада, ванилиниот шеќерот, сокот и ренданата кора од лимон, па мешајте додека не добиете погуста смеса. Тргнете од оган и изладете. Лиснатото тесто расукајте го во круг со сукало, исечете го на триаголници, па наполнете го секој и свиткајте во кифличка. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во рерна на 200 степени додека не поруменат. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *