КЛУЧНИ СЕ ДВА СИМПТОМИ Дали сте алергични на зима?

18 јануари, 20220
Screenshot_1

Зимата се смета за период на мирување кога се во прашање сезонските алергии, но токму во зимските месеци најчесто се појавува не толку познатата алергија на ладно.

 

Оваа алергиска реакција е предизвикана од контакт со ладни предмети, мраз, снег, вода, ветер. По само неколку минути се појавува осип пропратен со чешање, црвенило, оток, најмногу на места изложени на студ, како што се лицето или рацете.

 

 

 

СИМПТОМИ

 

Уртикаријата или воспалението на кожата може да започне веднаш откако кожата ќе биде изложена на ненадеен пад на температурата на воздухот или ладна вода. Најчестите случаи на алергија на ладно се јавуваат кога кожата е изложена на температура пониска од четири или пет степени, но некои луѓе може да имаат реакции на малку повисока температура. Влажното и ветровито време може да доведе до почести алергии на студ.

 

ПРИЧИНИ

 

Некои луѓе имаат почувствителна кожа, или поради наследни фактори или е предизвикана од вирус или други болести. Изложеноста на ниски температури предизвикува ослободување на хистамин и други медијатори на имунолошкиот систем во кожата. Овие супстанции предизвикуваат црвенило, чешање и други симптоми.

 

ЗАШТИТА

 

За да се заштитите од студот, пред да излезете од дома, нанесете што е можно помрсна крема на лицето и рацете и користете мелем за уста. Носете шал, капа и задолжително носете топли ракавици и чорапи.

 

ПРЕВЕНЦИЈА

 

Не постои начин да се избегне уртикарија, но може да помогне да се спречат симптомите ако се земаат лекови како што е пропишано и особено ако се избегнува изложување на студ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi