КОЛАЧ СО ЦРЕШИ! Десерт кој воодушевува на првиот залак (РЕЦЕПТ)

popara2 март, 20221min00
256933_x5_f

Освежителната пита со цреши секогаш ќе биде добредојдено уживање во вашиот дом

Состојки:

600 гр цреши

30 гр стопен путер

4 јајца

240 мл млеко

100 гр брашно

100 гр шеќер

малку сол

половина лажичка екстракт од бадем

половина лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Извадете ги семките од црешите и наредете ги на дното од подмачкан тркалезен сад на кој сте наросиле малку шеќер.

Изматете го тестото од јајца, брашно, млеко со додаток на шеќер, сол и екстракт. Додадете го растопениот путер, промешајте и со смесата прелијте ги наредените цреши.

Ставете во рерна да се пече околу 45 минути на 180 степени. Пред сервирање посипете со шеќер во прав.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma