
Реинфекцијата често се поврзува со имунитетот.
Според најновите податоци на ЦДЦ од студијата, се покажа дека три месеци по закрепнувањето од болеста, лицето не треба повторно да се тестира, освен ако лицето не покаже симптоми на ковид, иако не постои дефинитивен одговор за тоа како долго е потребно.
„Повеќето луѓе кои се инфицираат со коронавирус, без разлика дали имаат симптоми или не, произведуваат антитела и клетки кои се борат против вирусот. За оние кои се опоравиле, шансите за реинфекција се многу мали во првите три месеци по првичната инфекција, наведено во друга студија.
„Доколку сте имале блага инфекција и немавте многу добар имунолошки одговор, а повторно сте изложени на големо количество вирус, повторната инфекција е дефинитивно можна“, вели д-р Томас Русо, професор и шеф за заразни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк.
Поради големиот број на заразени, вирусот е веќе длабоко вкоренет. Кога се изложуваме на луѓе кои се заразени со вирусот и не покажуваат никакви симптоми, тогаш е најголемиот ризик за реинфекција.