
Некои студии покажуваат дека просечниот сексуален однос трае помеѓу пет и девет минути
Ова време не ја вклучува предиграта која е важна за целосно сексуално задоволство.
Но следните информации треба да ги мотивираат паровите да не ја сведуваат размената на нежности и сексуални односи со саканата личност на механичко дејство и брза акција.
Експертите тврдат дека паровите треба да бидат мотивирани да посветат што повеќе време на предиграта.
Истражувањето од „Journal of Sex Research“ покажа дека жените сакаат предигра која трае од 11 до 13 минути, а потоа од 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација. Тоа би значело дека вкупно сексот со предигра мора да трае најмалку 25 до 30 минути.
– Секогаш ги охрабрувам паровите да уживаат што повеќе во предиграта пред вистинскиот чин на секс. Колку повеќе предигра, толку ќе биде повисоко и нивото на возбуда бидејќи полесно ќе се достигне оргазам – изјави Иан Кернер, сексуален и брачен терапевт.