Малечок, но горд: Германскиот град познат по божиќниот пазар, бразилскиот карневал и необичните колбаси

3 декември, 20220
62433265-coburg

Според некои приказни, хот-догот потекнува од Кобург, а таму можете да јадете и необичен црн колбас во мало пециво, да се шетате ма плоштадот кој за Божиќ свети со посебен сјај или да се упатите кон замокот кој се издига над градот…

Без оглед на тоа што го има еден од најголемите замоци во Германија или огромниот бразилски карневал кој привлекува илјадници луѓе, баварскиот град Кобург, кој се наоѓа на нешто повеќе од еден час возење од Нирнберг, не е често на мета на туристите.

Овој прилично мал германски град е полн со прекрасни улици и плоштади, како и цркви, од кои најстарата е Морицкирхе. Интересни се и кулите што го означуваат влезот во градот, исто како и градските шахти, на чии поклопци може да се забележи африканско лице – тоа е Свети Маурициус, заштитникот на Кобург.

62433262-coburg
62433263-coburg
62433264-coburg

Палатата на принцот Алберт

Шетајќи низ градот, ќе дојдете до палатата која Германците ја нарекуваат замок, поранешна резиденција на војводите од Кобург, а принцот Алберт таму поминал добар дел од своето детство. Турата ве води низ 25 луксузни соби, но доколку немате време, можете да се упатите кон огромниот замок кој се надвива над градот.

Замокот над градот

Весте Кобург е на околу 20 минути пешачење од центарот преку големиот парк Хофгартен. Изградбата на замокот започнала во 1225 година. Бил проширен со текот на годините и бил завршен во 1499 година, откако најголемиот дел изгорел во пожар. Најпознатиот настан во историјата на замокот бил кога Мартин Лутер престојувал таму шест месеци во 1530 година, барајќи засолниште од Светото Римско Царство и Католичката црква.

Во замокот има неколку интересни простории, а поголемиот дел од внатрешноста е во модерен музејски „формат“, со бројни артефакти под стакло. Можете да видите оружје, стар мебел, кочии и оклопи, а многумина велат дека надвор ве чека најубавиот дел – истражувањето на ѕидовите и уживањето во глетката е импресивно дури и ако времето не е добро.

Coburger Bratwurst.

Божиќен пазар и необични колбаси

Во потрага по јадење или кафе, можете да се вратите на особено убавиот плоштад во центарот – „Marktplatz“, околу кој има бројни кафулиња и ресторани. Централното место на плоштадот му припаѓало на принцот Алберт, сопругот на британската кралица Викторија, кој е роден во замокот Розенау во близина на Кобург. Отпрвин Алберт немал никаква титула, дури ни благородна, но кралицата Викторија му ја дала титулата „принц сопруг“. Со неа имал девет деца и дури четириесет и два внуци! По прераната смрт на Алберт на 42-годишна возраст, Викторија му подарила бронзен споменик на главниот плоштад во Кобург во знак на почит и љубов.

Плоштадот е познат по својот божиќен пазар, за кој некои велат дека е еден од најубавите во земјата, а таму можете да пробате и вкусен колбас со симпатичен изглед – „Coburger Bratwurst“. Кобург братвурст е традиционален специјалитет направен од говедско или телешко и свинско месо. Освен сировите јајца кои влегуваат во смесата, се додаваат и бибер, морско оревче и лимон. Црниот колбас кој штрчи од малото тркалезно пециво кое служи како „држач“ изгледа необично, но токму така и треба. Темната боја ја должи на смолата бидејќи традиционално се пече над шишарки, а бидејќи содржи сурови јајца, не смее да се остави да стои, туку да се испече истиот ден.

Според некои приказни, хот-догот потекнува од Кобург. Иако повеќето Германци веруваат дека историјата на „франкфуртерот“ се враќа во Франкфурт во 1487 година, според друга теорија, „пронаоѓач“ е месарот Јохан Георгенер од Кобург.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi