Има се повеќе популарни диети кои се засноваат на висок внес на месо и протеинска храна. Прашањето е колку протеини се потребни и се сметаат за здрав внес? Потребните протеини за професионални спортисти се максимум 1,8 – 2 g на кг телесна тежина. За рекреативци и физички неактивни лица се препорачува внес од 0,8 g.
Не ви требаат премногу протеини од неколку причини: ако започнете со поголем внес на протеини и го задржите истиот интензитет и времетраење на тренингот, ќе ги зголемите и мастите и мускулната маса.
Премногу протеини ќе резултира со производство на кетонски соединенија, кои ги оптоваруваат бубрезите и можат трајно да ги оштетат. Додека бубрезите излачуваат големо количество кетонски соединенија, се излачува поголема количина течност, што главно доведува до дехидрација. Ова губење на вода се гледа на вагата како губење на телесната тежина, но исто така губите калциум, мускулна маса и дополнително го оптоварувате срцето.
Поради дехидрација ќе чувствувате слабост и вртоглавица, со можна непријатна миризба на кетони. Изворите на протеини влијаат на pH вредноста на крвта, создаваат кисела pH средина и сите процеси во телото, вклучително и метаболизмот, се забавуваат. Истражувањата покажуваат дека киселата pH вредност е можна причина за многу болести.