Неодоливи АМЕРИКАНСКИ колачиња кои традиционално се наоѓаат на трпезата за дочек: Полн вкус на путер, млечно чоколадо и ореви

popara1 јануари, 20221min00
333523_profimedia0570390945_ff

Доколку сте љубители на крцкави колачиња со млечно чоколадо и путер, тогаш за миг можете да направите традиционални празнични колачиња кои секоја домаќинка ширум Америка ги служи по новогодишната вечера.

Многу лесно и брзо се прават, а на овалот покрај бајадерите, топчињата и наполитанките можете да го најдете овој деликатес кој одлично оди со топли чаеви и пијалоци.

Состојки за тесто:

5 јајца
250 грама путер
200 грама брашно
200гр рендано чоколадо
200гр мелени ореви
прашок за пециво
2 ванилин шеќер

Подготовка:

Јајцата, шеќерот и маргаринот се матат со миксер, па се додаваат останатите состојки. Со прстите формирајте кругови и ставете ги на обложена хартија за печење. Во средината на колачињата посипете сечкана или рендана чоколада, печете ги бисквитите 15 минути во загреана рерна на 180 степени.

Keksići sa čokoladom