Колку често треба да правите пилинг на лицето? Третман кој го освежува тенот и го брише заморот

30 март, 20220
shutterstock646496392-830x0

Пилингот е едноставен и лесен третман по кој кожата на лицето ќе стане мазна и сјајна. Отстранувањето на мртвите клетки од површината на кожата помага тенот да блесне, а кожата на лицето изгледа освежено и подмладено.

Иако овој третман можете да го доверите на професионалци во козметичките салони, тоа можете да го направите и сами дома.

Сепак, колку често треба да правите пилинг дома без ризик да ја оштетите кожата?

Дерматолозите велат дека два до три пати неделно е оптималниот број третмани за пилинг што може да ги издржи кожата на лицето без ризик од оштетување.

– Внимавајте да не ја оштетите заштитната бариера на кожата со пречесто користење на мешавини за пилинг во аптека или дома – вели дерматологот д-р Ифи Родни.

– Прекумерниот пилинг може да отстрани премногу заштитни бариери, оставајќи ја кожата ранлива на акни, сувост, црвенило и други кожни проблеми. Доколку сакате да ѝ пружите одлична нега на вашата кожа и да ѝ дадете можност да биде сјајна, не заборавајте дека најважниот совет е „помалку е повеќе“.

Ако сакате да пробате домашен пилинг за лице, можете да користите мелено кафе, кристален шеќер, морска сол или пченкарно брашно со основа од неутрално масло, по можност бадем или кокос.

Масата за пилинг нанесете ја на измиеното лице, а потоа нежно тријте ја десетина минути, а потоа исплакнете со млака вода и оставете го лицето да се исуши. Потоа масирајте го серумот, а потоа и кремот што вообичаено го користите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi