Компирот има никулци, но сепак го јадете? Не сте свесни колкав ризик е тоа!

2 мај, 20220
676 (21)

Компирите се храна која речиси секогаш ја имаме дома бидејќи се практични, можат да се приготват на многу начини, а во исто време се вкусни и даваат многу енергија.

Ако го чувате на темно и ладно место, ќе остане свеж подолго, но ретко на кој не му се случило компирот да проникне пред употреба, особено затоа што најчесто живееме во станови и немаме можност да го чуваме на ладно место.

Обично го игнорираме фактот дека изртел. Едноставно ги отстрануваме никулците и го подготвуваме како што замисливме. Сепак, не секој никнат компир може да се јаде. Еве на што да се обрне внимание.

Потребно е да се процени колку изртеле компирите – дали никулците се кратки и ги нема многу или веќе многу пораснале. Колку повеќе од нив, толку повеќе соланин во компирот, малку токсична супстанца која кај луѓето може да предизвика симптоми како што се главоболки, дијареа и повраќање.

Ако никулците изртеле и покрај соодветното складирање, најдобро е повнимателно да ги прегледате компирите. Ако делот што има никулци е мек и збрчкан, голема е веројатноста дека содржи голема количина соланин и не треба повеќе да се јаде. Но, ако компирот е сè уште тврд и го има својот облик, а никнал само на неколку места, слободно продолжете да го јадете. Едно е јасно – никулците, како и деловите од компирите кои се зелени, треба да се отстранат. Тогаш нема опасност по здравјето, дури и со изртени компири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi