Конечно добри вести од СЗО: Со Омикрон, можен е крај на пандемијата во Европа

24 јануари, 20220
tan2021-11-3018415450-830x0 (1)

Омикрон видот на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата на Ковид 19 во регионот и може да ѝ стави крај, изјави директорот на СЗО за Европа.

– Можно е регионот да се приближува кон крајот на пандемијата – изјави Ханс Клуге за АФП, повикувајќи на претпазливост поради варијабилноста на вирусот.

Тој рече дека кога ќе се смири бранот на Омикрон, ќе има глобален имунитет неколку недели и неколку месеци, или поради вакцината или поради тоа што луѓето се имунизирани со тоа што се заразени, а и поради сезонскиот пад на инфекцијата.

Сепак, Клуге нагласи дека се уште не сме во фаза кога станува ендемично заболување, пренесува Бета.

– Ендемично значи дека можеме да предвидиме што ќе се случи. Овој вирус еднаш не изненади, затоа треба да бидеме многу внимателни – изјави Клуге.

Во европскиот регион со 53 нации, од кои некои се во Централна Азија, Oмикрон сочинуваше 15 отсто од новите случаи на ковид на 18 јануари, повеќе од 50 отсто повеќе од минатата недела, според Светската здравствена организација. Во Европската унија и Европската економска област, овој вид, кој се појави на крајот на ноември, е позаразен од делтата и сега е доминантен, според Европската здравствена организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *