Косата ми паѓаше ВО ПРАМЕНИ: Кои се симптомите и како се лечи АЛОПЕЦИЈА, болеста од која пати жената на Вил Смит?

popara29 март, 20221min00
profimedia-0673559309

Овогодинешните Оскари сигурно ќе останат запаметени по шамарот што Вил Смит му го удри водителот на програмата, Крис Рок, откако се пошегува на сметка на сопругата на Вил, Џејда.

Џејда Пинкет Смит се бори со алопеција од 2018 година. Тоа е болест која предизвикува интензивно опаѓање на косата.

Во неколку наврати, во емисии и на својот Инстаграм профил, Џејда, исто така актерка и пејачка, зборуваше за стравовите и проблемите со кои се соочува.

– Првиот пат кога почнав да губам коса бев преплашена. Се истуширав и ми останаа цели прамени в рака. О Боже, дали сум ќелава? Се тресев од страв. Затоа ја скратив косата и ќе продолжам да носам кратка коса – изјави Џејда.

Таа прибегнала кон бројни препарати и третмани, кои вклучувале инекции со стероиди, но ништо не ѝ помогнало.

Што предизвикува алопеција?

Мажите се повеќе склони кон алопеција и може да се појави насекаде по телото, но најчесто се јавува на главата. Причините можат да бидат различни, па на нејзиниот изглед можат да влијаат наследни, медицински, но и хормонски фактори.

Алопеција може да биде предизвикана и од лошиот третман на косата, односно нејзиното често затегнување, пречестата употреба на бланши и други штетни препарати.

Исто така, причините за губење на косата може да бидат некои лекови, проблеми со тироидната жлезда, неухранетост, треска и друго. Може да се појави и како резултат на операција или породување…

Стресот е исто така една од најчестите причини за оваа болест.

Кога станува збор за жените, ретко се случува да станат целосно ќелави. Во многу случаи, косата им се проретчува.

Жените кои имаат вишок на машки хормони се изложени на поголем ризик од опаѓање на косата и андрогена алопеција, а покрај тоа, има и такви жени кои патат од проблеми со полицистични јајници.

Андрогената алопеција кај жените се јавува и кај одредени болести, кога болеста влијае на некои внатрешни органи.

Кои се симптомите на алопеција?

Освен опаѓање на косата, обично нема придружни симптоми. Некои пациенти пријавиле кај своите лекари дека чувствуваат пецкање во пределот на главата, но тоа е само 14% од пријавените случаи.

Во повеќето случаи косата опаѓа само на едно место, поради што на главата се појавуваат печати.

Времетраењето на самата болест зависи од нејзината причина, но и од терапијата што се применува. Во некои случаи, може да трае со години.