
Популарната серија „Бриџертон“, чија втора сезона од неодамна е достапна на Нетфликс, донесе нова ѕвезда во прв план. Покрај новите ликови, големо внимание привлече и Симон Ешли (27), која ја игра Кејт Шарма, Индијка која ќе се најде во голема и возбудлива љубовна приказна со виконтот Ентони Бриџертон.

По премиерата на втората сезона, која моментално е најпопуларна во Србија, Ешли за само 24 часа стана толку популарна што само за неа се зборува на социјалните мрежи. Милиони луѓе ја binge-нуваат втората сезона од 8 епизоди.
Ешли ја започна својата кариера во 2016 година, а првата голема улога ја имаше во серијата на Нетфликс „Sex Educatiоn“, во која ја доби улогата на Оливија Ханан.

Пред да почне да глуми, Симон уживала часови по пеење и свирење на пијано, но за разлика од нејзините родители, таа не тргнала по нивните стапки. По улогата во серијата „Sex Educatiоn“, следуваше уште еден голем проект – „Бриџертон“.

Како што вели, решила да се занимава со глума откако ги погледнала сите филмови на Квентин Тарантино, а среќата ја пробала во една од најпрестижните актерски школи во Лондон, на која одела и славната Кејт Винслет. Вештините и знаењата што ги стекна таму го отворија патот за нејзините први снимки – сериите „Woolblood“ и „Broadchurch“, кои иако не се доволно популарни на нашите простори, важат за квалитетни наслови во Велика Британија.

Серијата „Бриџертон“ секако ја издигна до ѕвездите, а Ешли откри како преку ноќ стекнала чувство дека станала дел од едно друго време во кое никогаш не можела да се замисли.
Нетфликс минатата година објави дека ќе се снима третата и четвртата сезона, а голема е веројатноста Симон да ја гледаме во продолженијата.
Веста ја потврди и самата Лејди Вистледаун, која напиша: „Се чини дека имаме прилично посебна најава. Бриџертон ќе ги добие и третата и четвртата сезона. Авторот ќе мора да купи повеќе мастило…“