Кој витамин Д е НАЈДОБАР за имунитетот: Д2 и Д3 го зајакнуваат организмот, но кој е ВИСТИНСКИОТ избор?

popara19 март, 20221min00
Screenshot_1

Важен за имунитетот и здрави коски, витаминот Д постои во неколку видови.

 

Витаминот Д се најде во центарот на вниманието на јавноста кога започна пандемијата на корона вирусот, бидејќи е многу важен за имунитетот. Сепак, постојат различни видови на овој витамин, па прашање е дали едниот е покорисен од другиот.

 

Семејството на витамин Д содржи, всушност, пет молекули, а најважни се сметаат за витамин Д2 и Д3. Тие се познати како ергокалциферол и колкалциферол. И двата се важни за здравјето. Првиот главно доаѓа од растителни извори, особено печурките и квасецот, а вториот од животински извори како што се масни риби, црн дроб и јајца. И двата може да се добијат во суплементи.

 

Најголем дел од нашиот витамин Д го добиваме од сончева светлина. Тогаш ултравиолетовите зраци ги претвораат молекулите на претходниците на витаминот во самиот Д3. Многумина не знаат дека и Д2 и Д3 се практично неактивни додека не влезат во хемиските процеси во телото. Прво, црниот дроб ги менува во форма што може да се складира во телото, а потоа бубрезите ги претвораат во активна форма на еден вид хормон. Потоа, тој е заслужен за зајакнување на имунитетот и здравјето на коските.

 

Неодамнешните истражувања покажаа дека витаминот Д3 има посилна циркулација низ крвотокот и побрзо го подига неговото ниво во телото. Сепак, други покажаа дека витаминот Д2 е подобар за пациенти кои примаат каква било стероидна терапија. Тоа практично значи дека не постои дефинитивен одговор кој би важел за сите и дека евентуалниот избор треба да се остави на лекарот.