Кој е РОКОТ НА ТРАЕЊЕ на козметичките препарати за коса? Кога фрламе отворен, а кога неотворен производ?

17 февруари, 20220
4bcb714338db885570599a898ea421c32fd36367

Често, при користење на маски, регенератори и шампони за миење коса, не обрнуваме внимание на нивниот рок на траење.

Експертите предупредуваат дека имаат и штетно дејство доколку се користат по истекот на рокот, па следниот пат превртете го пакувањето и прочитајте кој датум е напишан со мали, главно црни бројки.

Производите за коса, доколку не ги користиме редовно, можат да останат подолго во шкафчињата во бањата отколку, на пример, шминката.

Ако рокот на пената или лакот за коса е истечен, тој препарат ќе има послаб ефект, а можно е да се промени и нивниот изглед и мирис. Сепак, многу помала штета може да се направи ако користите производи за нега на коса со поминат рок од кремите за лице, раце или пудра.

Иако многу козметички производи немаат рок на траење, некои брендови ставаат етикета на своите производи колку месеци по отворањето е безбедно да се користи тој производ. Во повеќето случаи, неотворените производи може да траат до три години, а отворените производи може да траат до една година.

Промената на текстурата и мирисот се знак дека производите треба да се фрлат. Сувите шампони, лаковите за коса и пените со алкохол траат подолго, а кремите или маските за коса не треба да се користат доколку останат отворени повеќе од една година. Маслата за коса траат од две до три години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi