Кралски резиденции кои можете да ги посетите: Најубавите дворци и палати на британската круна

popara4 ноември, 20221min00
62380812

Можеби се кралски, но се отворени и за јавноста – раскошни резиденции резервирани за живеење и одмор на членовите на кралското семејство на Обединетото Кралство. Тоа значи дека и ние имаме можност барем да ѕирнеме во вековната традиција и домовите на оние кои ја одбележаа историјата. Па, еве неколку кралски резиденции кои треба да ги посетите.

Бакингемската палата, Лондон

Ова беше малку очигледно, но неизбежно. Што е обиколка на Лондон ако не сте застанале пред неа и не сте го гледале менувањето на чуварот? Најпосетуваната кралска резиденција била изградена во 1703 година, а таа станала дом на британските монарси во 1837 година, кога кралицата Викторија дошла на власт. Некои соби се отворени за јавноста секое лето.

Замокот Виндзор, Беркшир

Монументалниот замок се наоѓа на периферијата на Лондон во истоименото место Виндзор. Тој е најголемиот трајно населен замок во светот, а неговата површина зафаќа дури 53.000 квадратни километри. Изграден е во 11 век за време на владеењето на Вилијам I Освојувачот. Преживеа две големи опсади, а ги спаси и животите на членовите на кралското семејство за време на воздушните напади во Втората светска војна.

Палатата на Холирудхаус, Единбург

Палатата Холирудхаус е официјална кралска резиденција во шкотскиот главен град Единбург. Така било од 16 век до денес. Тука живеела и Марија I, шкотската кралица, до 1587 година, кога била обвинета за заговор против кралицата Елизабета и осудена на смрт со обезглавување.

Палатата е музеј сам по себе, бидејќи во неа се зачувани бројни парчиња мебел и уметнички слики. Не дека им недостигаше простор – всушност оваа палата може да се пофали со повеќе од 280 соби… И денес во нив работат над сто работници, но технички во моментов никој не живее таму.

Замокот Хилсборо, Лизбурн

Кралската резиденција Хилсборо се наоѓа во Северна Ирска, а иако самата кралица Елизабета последен пат била тука дури во 2016 година, денешниот крал Чарлс почесто го посетувал ова место. Иако се нарекува замок, технички не е замок туку селска куќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag