
Крцкавите чоколадни топчиња од наполитанки и еурокрем се најубавото нешто што ќе го пробате денес. А кога во оваа комбинација ќе додадете уште и лешници, задоволството е целосно.
Рецептот е супер едноставен и тоа е само плус за ова чоколадно совршенство.
Состојки:
- 200 гр печени лешници
- 200 гр наполитанки (чоколадо или лешник)
- 300 гр мелени бисквити
- 200 гр путер
- 100 мл стопен бел еурокрем
- 50 мл млеко
Подготовка:
Сомелете ги печените лешници, бисквитите, наполитанките, па измешајте со растопен путер и стопен бел еурокрем. На крај додадете го млекото и соединете ја масата.
Направете топчиња и потопете ги кратко во ладно млеко и печени лешници (не заборавајте, половина од лешниците влегуваат во тестото, а половина за валкање). Друг начин е да ги валкате во стопен еурокрем и лешници.
Пред сервирање, ставете ги топчињата во фрижидер да се стегнат.