Не е ЈОГУРТ, но помага при изгореници: Понесете го ОВА со себе НА МОРЕ!

28 јуни, 20220
Screenshot_1

Ако поцрвенете за време на сончањето, најважно е да се тргнете од сонцето и да се чувате додека не исчезнат изгорениците. Прво, туширајте се или капете се во бања со поладна вода за да ја исфрлите топлината од вашето тело.

 

 

 

Ако имате црвенило по целото тело, направете ладна бања во која сте додале овесна каша. Можете да го купите готовиот производ или ситно да сомелете чаша овес во мелница за храна и да го додадете во водата.

 

Во оладената купка можете да додадете и чај од камилица, невен или зелен чај. Нивните активни состојки ќе ја неутрализираат штетата и ќе ја смират воспалената кожа.

 

Ќе помогнат и ладните купки во кои можете да ставите десет лажици јаболков оцет и осум капки есенцијално масло од чајно дрво, еукалиптус, камилица, лаванда или рузмарин.

 

 

Облоги и маски

Користете ги и разладувачките, мирисни својства на нането за да го смирите црвенилото од сонцето. Можете да направите чај од нане или да додадете две капки масло од нане во чаша млака вода. Изладете ја оваа смеса, натопете мека крпа во неа и нежно натопете го местото со изгореницата.

 

Можете да направите и облога од млеко. Натопете крпа во ладно млеко и ставете ја на изгореното место. Студот ќе го смири црвенилото, а киселината од млекото благотворно ќе влијае на обновувањето на оштетената кожа. Може да комбинирате и млеко со мед, што ја намалува напнатоста поради неговото антисептично дејство.

 

Маска од ладен јогурт (или кисело млеко) и мед ќе го смири чешањето и пликовите. Можете да ја направите од 200 мл ладен јогурт и две големи лажици мед (околу 50 гр.); измешајте ги состојките и нанесете на болното место. Пробајте и мешавина од мелен јачмен, куркума и јогурт, користејќи еднакви делови од сите состојки. Овој мелем, освен што ја смирува и хидрира иритираната кожа, го намалува и воспалението.

 

Алое вера и кантарион

По купката, облогите и/или маските, нанесете етерично масло од лаванда и една капка ќе биде доволна за прилично голема површина на кожата. Ако сте само малку поцрвенети, ставете хидролат од лаванда во шише со спреј и испрскајте го телото и лицето. Ќе ве освежи и уште повеќе ќе го смири црвенилото.

 

Ќе ви помогне и алое вера, традиционален лек за зараснување на рани и изгореници, бидејќи го стимулира обновувањето на кожата и ја подобрува нејзината природна влажност. Гелот од алое вера се наоѓа во внатрешниот дел од листовите на ова лековито растение, доколку можете да го набавите, што би било најприродното решение. Ако купите гел, проверете дали е алое верата 100% чиста.

 

Ако го немате ова растение, можете да користите краставица. Изблендирајте и смесата ставете ја на изгорената кожа. Ова ќе ја рехидрира кожата и ќе ѝ помогне да се опорави што е можно побрзо.

 

Вреди да се пробаат и кремите кои содржат кантарион. Ова лековито растение има антисептички и ублажувачки својства, а со векови се користи за лекување на рани и изгореници. Меѓутоа, ако го земате ова растение орално, мора да се држите подалеку од сонце, бидејќи тоа ја прави кожата чувствителна на УВ зраци.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi