Ова се неговите предности
Ловоровиот лист може да ви помогне при разни болести, а делотворен е и за намалување на чувството на стрес.
Го подобрува варењето
Ги отстранува спазмите во желудникот и ја поттикнува циркулацијата на крвта, го стимулира варењето и е многу погодно ако цревата ви се мрзливи.
Ја ублажува болката
Најпознато е нанесувањето на ловоровото масло кое се користи за лечење на болки во ушите, а е ефикасно и против главоболка.
Доколку имате проблем со ревматизам, ловорот може да ви помогне, а болките во зглобовите може да се решат со облога од ловорово масло.
Помага за искашлување
Ловоровото масло има безброј придобивки. Можете да го втриете на лимфните жлезди и со тоа да го подигнете имунитетот, а при кашлање е корисно како привремено решение.
Го исфрла вишокот сол
Навечер една лажица ситно сечкани ловорови листови прелијте ги со 3 дл вода и варете во соодветен емајлиран сад не подолго од 5 минути. Добиената течност оставете ја преку ноќ, поделете ја на мали дози наутро и пијте ја во текот на денот. Доколку дојде до често мокрење, тоа е знак дека ловоровиот лист почнал да делува.
Против стрес
Одамна, научниците откриле дека ловорот ублажува неверојатна количина на стрес. Се што треба да направите е да запалите сув ловор во пепелник и да го оставите во просторијата 10 минути.
Вдишете длабоко и препуштете се на релаксирачкиот мирис.