Што знаеме за филмот „Индијана Џонс 5“? Харисон Форд се соочува со стар непријател

20 ноември, 20220
harison-ford-indijana-dzons-830x0

Филмот пристигнува во јуни 2023 година

Возбудата за „Индијана Џонс 5“ не може да биде поголема, но секако Дизни и Лукасфилм ќе продолжат да не задеваат. И тоа ќе трае уште најмалку осум месеци. Допрва треба да добиеме трејлер (објавен е тизер) за претстојната нова авантура на Харисон Форд, која наводно доаѓа „наскоро“, а деталите за сценариото сè уште се чуваат во тајност.

Филмот пристигнува во јуни 2023 година, а уште еднаш Харисон Форд на глава ќе го стави легендарниот шешир за да се соочи со своите стари непријатели од Германија.

Додека Инди успеа да ги избрка нацистите во претходните делови од франшизата, угнетувачката фашистичка закана никогаш нема да исчезне, а се чини дека на Инди му е предодредено да го игра овој танц засекогаш, со оние кои чувствуваат дека „работата на нацистите е недовршена“.

„Empire“ откри дека филмот ќе биде сместен во 1969 година, со остарениот Инди кој не може да биде мирен знаејќи дека битката во вселенската трка била помогната од голем број поранешни нацисти.

– Едноставниот факт е дека програмата за слетување на Месечината ја воделе куп поранешни нацисти – изјави Џез Батерворт, коавтор на сценариото.

– Прашање е колку се тие „поранешни“. А луѓето кои се зад тоа, знаете, се заколнати непријатели на Инди.

„Empire“ , исто така, успеа да открие дека главното дејство ќе се случи на хартиената парада во Њујорк, во чест на лансирањето и успехот на мисијата Аполо 11, која се одржалa на 13-ти август 1969 година. Во сцената ќе биде вклучен Бојд Холбрук, кој го игра Клабер, потрчкото на нацистичкиот научник Валер (Мадс Микелсен).

Нови членови на актерската екипа на „Индијана Џонс 5“ се Фиби Волер-Бриџ, Антонио Бандерас, Тоби Џонс и Томас Кречман, додека Џејмс Манголд го режира и пишува сценариото заедно со Џез и Џон-Хенри Батерворт. Легендарниот композитор Џон Вилијамс повторно ќе биде задолжен за музиката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *