
На Леонардо ди Каприо му експлодирал моторот од авионот.
Леонардо ди Каприо гостувал во една емисија, а кога водителот го прашал кое е неговото најлошо искуство, легендарниот актер ги шокирал сите со својата изјава.
Имено, актерот се качил во авион за Русија, а не можел ни да го замисли она што му се случило.
– Бев во авион за Русија и еден мотор експлодираше. Погледнав низ прозорецот и видов дека пожарот го зафатил целиот мотор и дека почнува да гори со ненормална брзина. Изгледа дека сум единствениот што видов огнена топка надвор, а сите околу мене беа Руси – вели актерот и додава:
– Мислев дека сум умрел и дека сум на пат кон Рајот бидејќи никој ништо не коментираше, а потоа почнав да врескам на цел глас: „Што се случува овде?!“. Дури тогаш излезе стјуардот и рече дека имаме мали потешкотии, а потоа еден Русин праша што се случило – низ смеа рекол актерот и додал:
– Кога стјуардот му објасни дека ни експлодирал моторот, и дека имаме два, поточно сега еден, сите Руси почна да ги фаќа паника, но за среќа успеавме безбедно да слетаме – рекол Леонардо.