Черкеското пилешко е класичен рецепт, измислен од Черкезите, народ од кавкаските планини и усвоен од царската отоманска кујна.
Ова „кралско јадење“ обично се подготвува како главно јадење, но многу е погодно да се служи и како предјадење или како мезе.
Черкеското пилешко е одлично јадење од парчиња пилешко во кремаст сос од ореви и леб, а како здраво јадење без масни адитиви е одличен предлог за лесен ручек со зелена салата, варен зеленчук и тост леб. Можете да го користите и како фил за сендвичи.
Состојки:
1 цело пиле или две поголеми пилешки гради
1 среден кромид
1/2 лажичка бибер во зрна
5 чаши вода
моркови, целер пашканат по желба
– За основата
300 гр крупно мелени (кршени) ореви
2 чешниња лук
4 парчиња бајат леб (средината без кора)
1,5 чаша пилешка супа
1 лажичка сол
половина лажичка коријандер во прав
За посипување (по желба)
2 лажици маслиново масло
1 лажичка пипер
Подготовка:
Во тенџере се ставаат градите или пилешкото исечено на парчиња, се прелива вода, се додава кромидот, целерот и зрната бибер. Гответе на средна топлина додека месото не омекне.
Вареното месо се цеди и се остава да се излади. Потоа одвојте го месото од коските и со рака исечете го на ленти.
Во подлабок сад ставете ги коцките бајат леб и прелијте ги со водата во која е варено пилешкото, додадете го изгмечениот лук, оревите, зачините и сечканото месо и убаво соединете.
Префрлете го месото на чинија за сервирање. Посебно загрејте го маслиновото масло и во него додадете го пиперот, па со тоа прелијте го пилешкото. Украсете со магдонос.
Може да се сервира и топло и ладно, како предјадење или главно јадење.
Пријатно!