Необична рутина за убавина која дава ГОЛЕМИ РЕЗУЛТАТИ: Зошто жените некогаш ставале РАКИЈА на косата?

17 јануари, 20220
8139cd67ac911cd00f80936d83f70a5698fe1864

Ова е трик за нега на косата и скалпот кој го користеле нашите баби.

Во времето на нашите баби не постоеле скапи шампони, регенератори и слични препарати, поради што жените на различни начини успевале да ја одржат својата коса негувана и убава.

Покрај шампони за побрз раст на косата од разни растенија, за таа цел се користела и старата добра ракија.

Благодарение на тоа што ракијата ја поттикнува циркулацијата, може да биде одличен сојузник кога станува збор за убавината на косата и негата на скалпот.

Зошто ракијата се нанесува на темето?

Покрај тоа што ја подобрува циркулацијата, ракијата е моќно средство за чистење на кожата, кое им е потребно на многу жени денес. Имено, поради секојдневното користење на разни хемиски пакувања, балсами, спрејови за коса, пени, креми и гелови за стилизирање на фризури, често страда скалпот.

Ваквите третмани може да ги затнат порите, што дополнително може да доведе до послаб квалитет на косата, забавен раст, па дури и губење на косата, како и првут.

Затоа, одвреме-навреме е потребно целосно чистење на кожата од нечистотии и хемиски препарати, а ракијата е најевтиното и најздравото решение.

Како се нанесува ракијата?

Земете малку ракија и нанесете ја директно на скалпот. Иако ќе почувствувате мало пецкање, не грижете се. Ова е знак дека ракијата почнала да работи, односно дека почнала да ви работи циркулацијата.

Измасирајте ја ракијата со кружни движења за да се распореди по целиот скалп. Потоа навалете ја главата надолу и продолжете да го масирате темето уште неколку минути.

Завиткајте ја косата во алуминиумска фолија, ставете капа за спиење и преноќете. Наутро измијте ја косата со двојно шампонирање за успешно да го отстраните мирисот на алкохол.

Следете ги овие три правила:

– Ракија се нанесува само на темето, не на целата должина на косата, како и на врвовите, бидејќи алкохолот може да ја исуши косата.

– Комбинирајте ја ракијата со масло – маслиново или кокосово – ако имате екстремно сува коса и скалп. Маслото ќе ја хидрира кожата, а нема да го поништи ефектот на ракијата врз циркулацијата.

– Повторувајте ја оваа постапка еднаш или двапати неделно во текот на еден месец. Потоа направете пауза.

Меѓутоа, доколку имате псоријаза или некој сериозен проблем со скалпот, не се препорачува „домашна маска“, дури ни ракија и маслиново масло, без претходно да се консултирате со дерматолог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi