Лесен ручек: Тиквички полнети со сирење
4 август, 20220
Брз и едноставен ручек за целото семејство, особено во топлите, летни денови!
Состојки
Потребно е:
3 тиквички
300 гр ситно сирење
1 јајце
1 лажичка сол
маслиново масло
Тиквичките исчистете ги и издлабете ги. Измешајте ги сирењето и јајцата, посолете ги и наполнете ги тиквичките. Попрскајте со маслиново масло.
Се пече во загреана рерна на 220 C околу 30 минути.
Се служи додка е топло.
Добар апетит!