Лесни, кремасти и брзи пролетни колачиња: Лажни ВАНИЛИЦИ со свежи јагоди (РЕЦЕПТ)

27 април, 20220
vanilice-sa-jagodom

Совршен десерт

Најдобри колачи се оние кои се подготвуваат брзо и лесно, без многу состојки.

Лажните ванилици се токму таков десерт, во комбинација со свежо овошје – најдоброто освежување во пролетните и летните денови.

Состојки:

– путер, 150 гр

– неутрално крем сирење, 100 гр

– шеќер, 50 гр

– слатка павлака, 175 мл

– ванилин шеќер, 1 кесичка

– тркалезни бисквити, 36 парчиња

– јагоди, 150 гр

Подготовка:

Со миксер изматете ги омекнатиот путер, крем сирењето и шеќерот додека состојките не се соединат. Во друг сад изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер и кога ќе се соединат измешајте со двете маси.

Земете еден бисквит и намачкајте го со малку крем, ставете исечкани јагоди и повторно намачкајте го кремот, па преклопете со друг кекс.

Едноставно, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi