
Кромидот и зачините му даваат добар вкус на ова јадење
Состојки:
- 2 главици кромид
- 100 мл масло
- 1 лажица сув зачин
- малку сол
- половина лажичка бибер
- лажица сушен магдонос
- босилек или друг зачин по желба
- 200 мл неутрална павлака
- 100 гр било кое тврдо сирење
- 100 мл вода
Подготовка:
Загрејте го маслото, а потоа додајте го изренданиот кромид. Се динста на тивок оган и се додава малку сол за да се исцеди водата. Кога течноста ќе испари додадете малку вода и почекајте уште еднаш да испари. Кога кромидот ќе порумени, вклучете ја рерната на 200 степени.
Излупете го и исечете го на тенки кришки. Во подмачкан огноотпорен сад ставете половина од кромидот, наредете слој од компири, косо, еден на половина од друг. Одозгора ставете го остатокот од кромидот и уште еден слој компири.
Измешајте неутрална павлака, зачини, рендано сирење и вода и прелијте ги со компирите.
Покријте со фолија, печете околу еден час, на крајот извадете ја фолијата за компирите убаво да се запечат однадвор и да останат кремасти одвнатре.