
Јахтата на Дејвид Бекам е неговото засолниште кога сака да се одмори од се.
Злобниците тврдат дека Викторија и Дејвид Бекам и да сакаат не можат да се разведат, бидејќи би изгубиле значителен дел од своето богатство. Брендот Бекам, според проценките на Лондонската школа за маркетинг, има повеќе пари од кралицата Елизабета Втора.
Најголем дел од приходите доаѓаат од три извори: парите што Дејвид сè уште ги добива од светот на фудбалот, парите што ги носи самиот бренд Бекам и модната индустрија на Викторија. Бекамови очигледно знаат како да заработат пари, за да можат максимално да уживаат во животот. Како родители на четири деца, понекогаш им треба одмор од се.
Всушност, најмногу на Дејвид, кој ужива во семејните обврски и неизмерно ја обожава својата ќерка Харпер, но понекогаш му треба време за себе.





Очекувано, тој поседува луксузна јахта која е негова оаза на мир и во која ужива кога ќе посака. Така тој го искористил убавиот ден во Мајами за да се напие и да се сонча.