
Сопругот на Бритни Спирс, Сем Асгари, на Инстаграм во живо сними видео како лежи во кревет со пејачката, но таа чудно реагираше и изненади многумина
Бритни Спирс не беше заинтересирана да биде пред камера кога нејзиниот сопруг Сем Асгари снимаше за „Instagram Live“. Сем се снимаше во темница покрај Бритни и ја праша пејачката зошто никогаш не се вклучува во живо на нејзиниот Инстаграм.
– Секогаш сум во живо – одговори Бритни.
Кога Сем ја праша сопругата:
– Може ли да ти покажам или не? – работите станаа напнати меѓу парот.
– А? Покажи ми што? – праша Бритни.
– Во живо – објасни Сем, додека се снимаше во кревет. – Може ли да ја свртам камерата?
Но, Бритни јасно стави до знаење дека не сака да биде прикажана.
– Не морам ништо да гледам. Знам – му рече таа на Сем.
Сем им кажа на речиси 3.000 луѓе кои се вклучија на „Instagram Live“ дека го завршува видеото. Пред да го направи тоа, Бритни повтори дека сака малку приватност.
– Не сакам да се снимам. Немам ништо да кажам. Не сакам да разговарам со нив во моментов – рече таа.
Бритни изгледаше многу вознемирено поради Сем кога го заврши „IG Live“.
Настрана од овој инцидент, Бритни и Сем изгледат како да уживаат во блажен брак.
Видеото може да го погледнете ТУКА.