
Мора да го пробате
Состојки:
500 гр тиквички
500 гр тестенини
60 гр свежи листови коријандер
125 мл маслиново масло
2 лажици пињоли
2 чешниња лук
сол, бибер
50 гр рендан пармезан
шери домати.
Подготовка:
За сосот: во блендер ставете коријандер, маслиново масло, пињоли, лук и зачини и направете мазна смеса. Измешајте го ренданото сирење.
Тиквичките исечкајте ги на прстени, а тестенините варете ги во зовриена солена вода 8 минути.
Додадете ги тиквичките во тестенините и варете ги 1-2 минути за да омекнат. Тестенините и зеленчукот добро процедете ги, па вратете ги во тенџерето.
Додадете го сосот и мешајте на тивок оган додека смесата добро не се загрее. Зачинете по потреба и послужете со шери домати.
Ќе добиете совршена паста.