
Следната моќна комбинација од домашни состојки длабоко ќе ја прочисти вашата кожа, ќе ја затегне и ќе ги врати нејзината сјај и еластичност, на еден потполно природен начин.
Домашна маска со моќен подмладувачки ефект
Потребни состојки
- 1 јајце
- 1 коцка квасец
- Малку млеко или јогурт
Начин на подготовка и употреба
Растопете го квасецот во малку млеко или јогурт. Одделете ја белката од јајцето и измешајте ја заедно со квасецот.
Внимателно нанесете ја добиената смеса на целото лице и оставете ја да отстои околу 20 минути. Како што маската се исуши, ќе почувствувате дека кожата е затегната. Почекајте да се исуши целосно. Кога маската ќе биде сува, измијте ја со млака вода, без да го триете лицето.
Ќе забележите дека лицето е сега е многу помеко на допир, кожата е затегната и целосно чиста, бидејќи маската ефикасно ги отстранила вишокот на маснотии, нечистотија и мртвите клетки.
Зошто оваа маска е ефикасна?
Квасецот е неверојатно богат со витамини од групата Б, како што се витамините Б1, Б2, Б6 и Б12. Тие се многу важни за правилно функционирање на целиот организам, особено на кожата. Нивниот недостаток во исхраната се рефлектира во скоро сите процеси во организмот. Квасецот не е богат само со витамини, туку и со минерали како што се калиум, калциум, магнезиум, натриум, хром, железо, бакар, манган, цинк и фосфор. Исто така, постојат есенцијални аминокиселини, од кои може да ги издвоиме инозитол и п-аминобензоична киселина.