Меган и Хари се борат да го прекинат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат Светот да слушне сѐ што кажале

1 октомври, 20220
Screenshot_3

Покајување, „пеглање“ на работите, корист… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го сменат документарецот што го снимија во соработка со Нетфликс и да го одложат неговото емитување.

 

 

 

Принцот Хари и Меган Маркл преземаат драматичен пресврт во нивните претстојни проекти по смртта на кралицата Елизабета Втора, изјавија повеќе извори за „Пејџ сикс“.

 

Војводата и војвотката од Сасекс повеќе од една година работат на документарниот филм кој дел од милионскиот договор со „Нетфликс“. Шефовите на оваа продукциска куќа, кои се’ уште официјално го немаат објавено проектот со нив, се надеваа дека документарецот ќе го емитуваат во декември по петтата сезона на „Круната“.

 

Славната двојка сега сака да направи повеќе промени, како и потенцијално да го истурка објавувањето до 2023 година.

 

И мемоарите на принцот Хари се одложени за следната година, иако требаше да бидат објавени за два месеци.

 

Голем број луѓе запознаени со односите во британскиот двор рекоа дека таткото на Хари, кралот Чарлс III, ќе им го одложи доделувањето на титулите принц и принцеза на внуците Арчи (3) и Лилибет (1), додека не се објават различните медиумски проекти на неговиот помлад син и снаата.

 

Меган и Хари беа вклучени во уредувањето на книгата и документарниот филм, а изворите сега велат дека двојката сака да повлече или ублажи голем дел од она што го кажале за кралот Чарлс Трети, кралицата Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

 

Доста се преговара. Слушам дека Хари и Меган сакаат документарецот да го одложат за следната година, сакаат да откажат се’, рече изворот.

 

Друг доброупатен извор од „Нетфликс“ изјавил:

 

Нетфликс сакаше документарецот да биде подготвена за стриминг во декември. Има голем притисок врз извршниот директор Тед Сарандос, кој е на линија со Хари и Меган, да го прекине емитувањето.

 

Врската меѓу Меган, Хари и судот е повеќе од комплицирана. Почитта кон кралицата Елизабета Втора секако одигра важна улога во нивната одлука, како и спречувањето на новите скандали веднаш откако семејната ситуација донекаде се подобри. Тука се и титулите, а тие веројатно повеќе не сакаат да бидат главни иницијатори на аферите, дури ни во јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *