Машин Ган Кели и Меган фокс како куклите Кен и Барби: Со модните комбинации ја маѓепсаа јавноста

popara29 јуни, 20221min00
image_2022-06-29_115321487

Меган Фокс и нејзиниот вереник Машин Ган Кели се појавија синоќа на премиерата на документарниот филм „Живот во розово“, па и двајцата го усогласија стајлингот со името на документарецот.

Актерката ја обои својата долга црна коса по која е препознатлива, розова, а истото го направи и нејзиниот партнер.

Модните експерти го опишаа нивниот стајлинг како комбинации кои Кен и Барби би сакале да ги носат.

Меган облекла мини розов фустан со асиметрично деколте налик на костим за капење, а се завршила со сандали со високи потпетици и силна шминка.

Пејачотсе појави во розово-син кроп џемпер, бели панталони, а целиот стајлинг беше „зачинет“ со модни детали како бисерно ланче, висечки обетки, алки, прстени и синџири.

Инаку, овој пар е познат по тоа што често носи слична облека во иста боја, па затоа за вас ги издвоивме највпечатливите комбинации на популарниот пар.