
Милана Пулиајнен (30) од Финска ја направила својата прва тетоважа како тинејџерка, на 17 години, но тогаш мислела дека ќе остане на таа.
Обожавателка на цртежи на сопственото тело раскажа од каде потекнува нејзината љубов кон тетоважите.
Оваа триесетгодишна девојка од мало гратче во „земјата на илјада езера“ на почетокот била загрижена дека големиот број на тетоважи кои ги има може да влијае на нејзината кариера, односно дека никој не би сакал да ја вработи.
За среќа, нејзиниот креативен поглед не бил пречка за наоѓање работа.
Денес, Милана работи како медицинска сестра.
– „Прво мислев дека никој нема да ме сфати сериозно и дека нема да можам да најдам работа, бидејќи луѓето ќе ме коментираат. Меѓутоа, тату-мајсторот ме охрабри и оттогаш повеќе не се плашам. Сакам бои и затоа се на моја кожа“ – изјавила Милана.

– „Сакав целото тело да ми биде покриено со шарени тетоважи бидејќи тие ја отсликуваат мојата позитивност и став“ – додала оваа девојка.
Љубителката на тетоважи е толку посветена на својата страст што дури и ја избричила главата за да ја истетовира.
