Се подразбира дека Европа е полна со фасцинантна историја, култура и природа. За тоа сведочат нејзините средновековни градови, античките амфитеатри и ѕидови, модерните облакодери, полните библиотеки и спомениците на илјадници големи луѓе. Сепак, за традициите и верувањата зборуваат навидум тивки набљудувачи – европските шуми.
Шумите имаат свои легенди и приказни и тие инспирираат стравопочит. Иако е тешко да се издвојат само неколку мирни и митски шуми во Европа, ќе го пробаме невозможното. Означете ги локациите на некои од најмагичните шуми.
Националниот парк Дурмитор
Националниот парк Дурмитор се наоѓа во планинската област на централна Црна Гора. Иако нејзините шуми се меѓу помалите европски шуми, тие имаат една од најразновидните флора и фауна. Постојат 26 различни живеалишта каде живеат околу 200 видови растенија, 150 видови птици, 350 видови инсекти, 10 видови цицачи и повеќе од 86 видови дрвја. Петстогодишните дрвја се сведоци на историјата и на битките меѓу Турците, Србите и Црногорците за време на Балканските војни, а потоа и во Втората светска војна. Во однос на историјата и природата, ова е навистина едно од уникатните места во Европа.
Романската шума Хоја-Бациу
Шумата Хоја-Бациу се смета за едно од најмистериозните места во Европа. Покрај тоа, таа е позната и како „Бермудскиот триаголник на Трансилванија“. Високите борови и други видови дрвја се протегаат со милји нагоре и надолу, шепотејќи мистериозни приказни и гордо стојат како врата меѓу два света. Хоја-Бациу е едно од оние застрашувачки места, познато во Источна Европа по бројни необјаснети појави и инциденти.
Шварцвалд, Германија
Германската Шварцвалд е една од најпознатите и најубавите шуми, не само во Европа, туку и во целиот свет. Името го добила по густата шума полна со дрвја чии круни не дозволуваат сончевите зраци да навлезат низ нив. Поради оваа темнина овде се родиле бројни легенди и митови. Покрај тоа што е дом на разновидна флора и фауна, многумина низ историјата верувале дека таа е дом и на волшебници и вештерки. Се тешиме дека сето тоа се само страшни приказни за деца, додека од друга страна и денес нема објаснување за смртта на некои растенија, чудните временски проблеми и однесувањето на животните…
Норвешкиот резерват Трилемарка-Ролагсфјел
Природниот резерват Trillemarka-Rollagsfjell се однесува на една од последните недопрени антички шуми во земјата. Се наоѓа помеѓу Норе и Солеван во Норвешка и се простира на околу 150 квадратни километри. Сета нејзина древна убавина е сè уште недопрена – а вклучува и бројни езера и долини, и 93 видови загрозени животни, поради што е заштитен.