Мода после четириесеттата година: Овие парчиња облека и накит ќе направат да изгледате ПОМЛАДИ

27 ноември, 20220
shutterstock_396857350-copy

Многу дами ја сметаат петтата деценија за пресвртница кога станува збор за облекувањето, па ги фрлаат или подаруваат своите младешки, светли и светкави парчиња облека.

Зошто би ја сокриле својата енергија под потемна гардероба?

Вие сте на врвот на вашата животна сила, полни сте со искуство и совети за младите, сте преживеале се и сѐ уште ве чекаат многу работи. Покажете му на светот колку сте силни и уникатни!

Не двоумете се да купите облека и накит кои најчесто се поврзуваат со помладите.

Облечете се женствено и смело, а со тоа покажете го вашиот силен, млад и креативен дух.

Принтови

Наместо монохроматска гардероба, слободно облечете облека со различни дезени или илустрации.

Маици, фустани и блузи со риги, карирани марами и кошули – сето тоа може да има неверојатно позитивно влијание на вашиот изглед.

Мал трик: слабите дами можат да носат гардероба со хоризонтални, тесни риги, со што ќе ја пополнат својата фигура.

Фармерки

Возраста не е ограничување кога станува збор за фармерки и тексас јакни.

Фармерките даваат истовремено ретро и модерен, шик изглед, ја нагласуваат фигурата и ги покриваат несовршеностите.

Избегнувајте искинати и премногу тесни фармерки бидејќи тие можат да бидат непријатни.

Светли бои

Младешкиот сјај најдобро ќе го изразите со светли и јарки бои. Жолта, розова, светло сина, портокалова или црвена на фантастичен начин покажуваат дека сте полни со енергија.

Доколку, сепак, сте љубител на потемни бои, вашиот додаток, како што се шалот и чантата, нека биде во светли бои.

nakit

Ефективен накит

Слично правило како кај потемните бои и светлите додатоци.

Слободно носете златен накит, шарени ланчиња, брошеви, алки…

Накитот е најдобриот начин да ја покажете вашата уникатност и креативност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi